Познати се полуфиналните парови во шпанскиот Суперкуп

Суперкупот на Шпанија за идната сезона ќе се игра дури во јануари и тоа во Саудиска Арабија. На мини турнирот ќе настапат четири екипи. Барселона, Атлетико Мадрид, како две прволасирани екипи, како и Валенсија како освојувач на шпанскиот Куп.

Четвртиот учесник најверојатно ќе биде Реал Мадрид, кој има најдобар коефициент во историјата, но тоа треба да го потврди уште Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Се играат два полуфинални натпревари, а победникот на Купот ќе игра против второпласираната екипа, а тоа е Атлетико Мадрид, додека во другиот меч ќе се пресметаат Барселон и Реал Мадрид.

Клубовите нема да имаат никакви трошоци за сместување во Саудиска Арабија, а фудбалскиот сојуз ќе добие 30% од целата заработка.

Инаку, полуфиналистите ќе добијат по 800.000 евра, финалистот ќе добие 1,4 милиони евра, а победникот ќе добие дури 2 милиони евра.