Познати се 30-те номинирани за Златна топка 2022 - нема место за Меси!

Престижниот „Франс футбол“ ги објави номинараните фудбалери во трката за признанието Златна топка, за оваа 2022 година.

Човекот кој ја освои минатата година, не само што нема да ја одбрани, туку првпат по 17 години не е во поширокиот круг номинирани. Се разбира, станува збор за Лионел Меси, кој имаше променлива сезона во ПСЖ и не ги убеди организаториоте на оваа престижна награда дека заслужил место меѓу најдобрите 30 оваа сезона.

Главен фаворит за Златната топка е Карим Бензема, кој беше прв стрелец во Лигата на шампионите со 15 гола, а со Реал ја освои двојната круна. Свечената церемонија на доделувањето ќе се одржи во октомври.

 

НОМИНИРАНИ

Тибо Куртоа (Реал Мадрид)

Карим Бензема (Реал Мадрид)

Винисиус Жуниор (Реал мадрид)

Лука Модриќ (Реал Мадрид)

Касемиро (Реал Мадрид)

Антонио Ридигер (Реал Мадрид/Челси)

Мик Мењан (Милан)

Рафаел Леао (Милан)

Кристофер Нкунку (Лајпциг)

Мохамед Салах (Ливерпул)

Лиус Дијаз (Ливерпул)

Фабињо (Ливерпул)

Вирџил ван Дајк (Ливерпул)

Трент Александре-Арнолд (Ливерпул)

Дарвин Нуњез (Ливерпул/Бенфика)

Садио Мане (Баерн М/Ливерпул)

Џошуа Кимих (Баерн Минхен)

Роберт Левандовски (Барселона/Баерн М.)

Бернардо Силва (Манчестер сити)

Ријад Марез (Манчестер сити)

Фил Фоден (Манчестер сити)

Кевин де Брујне (Манчестер сити)

Жоао Кансело (Манчестер сити)

Ерлинг Халанд (Манчестер сити/Борусија Д.)

Хеунг-Мин Сон (Тотнем)

Хари Кејн (Тотнем)

Себасијан Але (Борусија Д./Ајакс)

Кристијано Роналдо (Манчестер јунајтед)

Душан Влаховиќ (Јувентус)

Килијан Мбапе (ПСЖ)