Потврдено: Погба заминува како слободен фудбалер од Јувентус

Францускиот фудбалер Пол Погба доби намалување на суспензијата, па ќе може да се врати на терените на почетокот на следната година, но нема да добие шанса во Јувентус.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Погба ќе замине како бесплатен фудбалер од поранешниот италијански шампион.

„Погба е одличен играч, но ние имаме поинакви планови во моментов. Инвестиравме во други фудбалери и нашиот тим е комплетен“, кажа директорот на Јувентус, Кристијан Џунтоли.

Французинот веќе почнал да се подготвува за враќање на теренот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.