Поранешниот тренер на Монца и Фиорентина ќе ја води Аталанта

Eкипата на Аталанта денеска и официјално го потврди ангажманот на Рафаеле Паладино кој пристигнува на местото на хрватскиот стратег, Иван Јуриќ кој доби отказ по 11 натпревари од почетокот на сезоната.

Јуриќ немаше победа осум натпревари, а последните два дуели ги загуби, па поради тоа и раководството реагираше со негова смена.

Поранешниот тренер на Монца и Фиорентина со Аталанта потпиша договор до јуни 2027 година, а ќе дебитира на 22 ноември во натпреварот против Наполи.

На клупата на Аталанта пристигнува во момент кога тимот е на 13 позиција, а целата ќе биде до крајот на сезоната да се вмеша во броба за позициите кои водат во европските натпреварувања наредната сезона.