Алкараз со пресврт го совлада Фриц и обезбеди полуфинале во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против Тејлор Фриц со 2-1 (6-7, 7-5 и 6-3) во сетови во второто коло од Завршниот турнир во Торино.

Фриц беше подобар во првиот сет и ги казни грешките на Шпанецот, со што стигна до 7-2 во тај-брејкот.

Алкараз се разигра во вториот сет, а Фриц почна да делува нервозно во вториот сет кој го загуби со 5-7.

Тоа беше почетокот на крајот за Фриц, кој се распадна во третиот сет (3-6), а Алкараз со одлична игра стигна до победата и до полуфинале во Торино.

Фото: EPA