Црногорски судии ќе ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Летонија

Македонската фудбалска репрезентација в четвртока од 18 часот ќе ја пречека Летонија во пријателски натпревар кој треба да биде „загревање“ пред последното коло од квалификациите за Светското првенство (СП).

Правдата на мечот меѓу Македонија и Летонија ќе ја делат црногорски судии, односно главен арбитар ќе биде Милош Савовиќ, додека негови помошници се Никола Радуловиќ и Владислав Раденовиќ, а четврти судија на мечот ќе биде Влатко Илиоски од Македонија.

Македонија, по натпреварот со Летонија, ја чека најтешкиот предизвик, односно дуел против Велс во Кардиф во директна битка за втората позиција во групата.