Ердем и Бабунски си заминаа од Работнички!

Македонскиот прволигаш Работнички има очајни резултати во Првата лига, односно запиша само една победа по 13 одиграни кола, па денеска реши да се раздели со шефот на стручниот штаб Алпарслан Ердем и тренерот Бабунски.

Работнички соопшти дека ќе бара нови лица за стручниот штаб, откако не беше задоволен од резултатите кои ги имаше поранешниот македонски шампион.

„Клубот им се заблагодарува за вредната и напорна работа и им посакува сѐ најдобро во иднина“, соопшти работнички.

Екипата од Дебар Маало по 13 одиграни меча се наоѓа на претпоследното место во лигата со седум освоени бодови.

Фото: Работнички