
Поранешен селектор на Германија е главен фаворит за преземање на Барселона!
Тој е без работа од септември, откако ја напушти селекторската функција на „панцерите“ по поразот на пријателскиот натпревар од Јапонија (1-4). Каталонците на крајот на сезоната дефинитивно ќе останат без тренер, бидејќи Чави уште кон средината на февруари најави заминување од клубот.
Покрај Германецот, како можни кандидати за преземање на тимот од „Камп Ноу“ се споменуваат тренерот на Брајтон, Роберто де Зерби, Жозе Мурињо и првиот стручњак на Баерн, Томас Тухел. Флик претходно ги предводеше Баерн Минхен, Хофенхајм и Викторија Баментал, има работено како асистент во Салцбург, додека како фудбалер ги бранеше боите на Сандхаузен, Баерн, Келн и Викторија Баментал.