
Поранешен фудбалер на Барселона е најсериозен кандидат за наследник на Инзаги
Најсериозен кандидат за испразнетата позиција е поранешниот шпански репрезентативец и екс-играч на Барселона, Арсенал и Челси, Цеск Фабрегас кој последната сезона со Комо имаше фантастични резултати во Серија А. Особено е битно што тој ја продолжи лозата тренери кои се поранешни фудбалери на Барса, по Гвардиола, Луис Енрике, Чави, Маскерано итн.
Од Интер постои интерес за Фабрегас, но прашање е дали 38-годишниот стручњак би сакал да си замине од Комо затоа што во моментов е во исклучително сериозен проект на чие чело е еден од најбогатите Италијанци. И Баер Леверкузен сакаше да го донесе на својата клупа, на местото на Чаби Алонсо, но Фабрегас ја одби понудата.