
Полицијата изнесе нови детали за смртта на Жота – имало две стравични експлозии!
Според најновите информации, во инцидентот се случиле две експлозии, што претставува нов момент во истрагата која ја водат локалните органи во провинцијата Самора. Несреќата се случила во ноќта меѓу среда и четврток во Шпанија, на автопатот А52. Напаѓачот на Ливерпул и португалската репрезентација, се наоѓал на совозачкото седиште во луксузнот автомобил „Ламборџини“, управуван од неговиот 25-годишен брат. Диого не можел да патува со авион поради неодамнешна операција на белите дробови, па заедно со брат му патувал кон траект со кој би се префрлил во Англија.
„Возилото на фудбалерите се обидувало да престигне друг автомобил кога дошло до пукање на гумата. Сведоци изјавија дека слушнале две последователни експлозии – првата поради пукањето на гумата, а втората кога се запалил резервоарот за гориво“, изјави портпаролот на шпанската полиција.
Браќата беа погребани во саботата во родното место во Португалија.