Покетино во солзи се збогува од САД: Ова ми е најтешка одлука во кариерата (ВИДЕО)

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино го напушта кормилото на репрезентацијата на САД, по што ќе се пресели во Манчестер јунајтед, а на последната прес-конференција не можеше да ги задржи солзите.

Покетино стана емотивен на прес-конференцијата и кажа дека му е тешко поради тоа што ја напушта американската селекција.

„Тешко е да се зборува затоа што сум емотивен човек. Мислам дека ова ми е најтешката одлука во кариерата“, кажа Покетино.

Аргентинецот ќе го преземе премиерлигашот на 18 ноември, а само неколку дена подоцна ќе се соочи против Ливерпул.