ЖРК Чаир го совлада шампионот на Азербејџан во ЕХФ Купот

Ракометарките на ЖРК Чаир денеска триумфираа со 27-24 против екипата на Кур од Азербејџан во првиот меч од второто коло во Европскиот куп на ЕХФ.

Првото полувреме го одбележа голема борба на паркетот, а македонскиот тим на полувремето замина со предност од 14-13.

Чаир заигра подобро од ривалот од Азербејџан, па до крајот на средбата ја обезбеди победата од 27-24.

Најефикасна во победничкиот тим беше Михаела Кралева со девет голови, додека Есма Муратовиќ запиша седум погодоци за поразената екипа.

Реваншот меѓу двете екипи се игра в недела, 15 ноември, од 14 часот.