Покетино и ПСЖ се договорија за раскин на договорот

Маурисио Покетино и ПСЖ ја прекинуваат соработката по 18 месеци и една освоена шампионска титула во Лига 1. 

Аргентинскиот стратег се договори со челниците на клубот за предвремен прекин на договорот, кој му истекуваше во јуни 2023 година. Покетино ќе добие 10 милиони евра обештетување за да си замине од Париз.

ПСЖ веќе се договори со Кристоф Галтие да седне на клупата на „Паркот на принцовите“. Французинот доаѓа од Ница, која побара 10 милиони евра обештетување за да го ослободи својот тренер. 

Тоа значи дека ПСЖ ќе плати вкупно 20 милиони евра за да го назначи Галтие.