Погба повторно провоцира: Сакате ли да умрам?
На прашањето на новинарите за поразот од лондонската екипа, Французинот со својот одговор кажа сè.
„Сакате ли да умрам?“, ги праша новинарите, а притоа мислеше на своите претходни изјави кои го ставија на „црната листа“ кај Мурињо.
Меѓутоа, навивачите се против Погба, иако е јасно дека тренерот би можел да ја плати цената.
„Едноставно, не го сакам Мурињо, тој е нарцис и не верувам дека ќе остане во клубот, но мора да го продаде Погба. Едноставно, Французинот не сака да биде дел од Јунајтед“, кажа поранешниот тренер Тони Доерти.
Навивачите се сложуваат со оваа проценка и велат дека Погба не размислува за фудбал и е големо промашување.