Погба по пауза од 26 месеци му се враќа на фудбалот!?

По повеќе од две години пауза поради суспензијата, Пол Погба конечно е на вистински пат да му се врати на фудбалот.

Овој 32-годишен фудбалер нема настап уште 3 септември 2023 година кога заигра во победата на Јувентус над Емполи (2-0).

Во 2024 година италијанската анти-допинг агенција му изрече четиригодишна суспензија, по што Погба се жалеше и му беше намалена казната од Спорскиот арбитражен суд.

„Л’Екип“ пишува дека Погба денеска имал тренинг без никакви проблеми, а истото се очекува и во петок, по што ќе патува со Монако и се очекува да ги добие првите минути против Рен.