Македонија ги дозна термините во кои ќе брка пласман на СП 2026 (ФОТО)
На сајтот на УЕФА беа објавени термините во кои ќе се одиграат натпреварите во баражот, а Македонија ќе ѝ гостува на Данска на 26 март од 20.45 часот.
Доколку успее да ја елиминира Данска, потоа Македонија ќе се судри против подобриот од мечот меѓу Чешка и Република Ирска, а таа средба е закажана за 31 март од 20.45 часот.
