По киксот на Ливерпул: Слот фатен како се смешка со ривал - навивачите збеснаа! (ФОТО)

Ливерпул игра катастрофално оваа сезона, а синоќа ремизира против Сандерленд (1-1) во 14. коло, но во центар на внимание е потегот на тренерот Арне Слот.

Екипата на теренот делуваше ужасно, а навивачите на Ливерпул дополнително збеснаа откако го забележаа Слот како се смешка со еден од противничките фудбалери.

Слот по новиот кикс на Ливерпул очигледно не беше премногу загрижен, а тоа може да се заклучи по неговата реакција која дефинитивно нема добро да ја прифатат фановите на актуелниот шампион.