Миовски одигра 90 минути во македонското дерби во Шкотска, Ренџерс се спаси од пораз!
Миовски беше стартер, одигра 90 минути, но не го одигра и целиот натпревар. Беше изваден токму во 90. минута од мечот.
Македонскиот напаѓач не успеа да ја искористи минутажата и да постигне гол, заврши уште еден меч без погодок.
Трапановски мечот го почна од клупата за резерви, тој во игра влезе во 77. минута.
Што се однесува до мечот, Данди поведе уште во 11. минута со гол на Сапсфорд, по 12 минути игра Ренџерс израмни преку Мегома.
Фатах во 66. минута донесе ново водство за Данди кое траеше до 97. минута, а тогаш Бајрами биеше прецизно од белата точка и израмни на 2-2.