Арсенал победи, само реми за Ливерпул, пораз за Челси! (ВИДЕО)

Арсенал со 2-0 го совлада Брентфорд во денешните мечеви од Премиер лигата, Ливерпул одигра само 1-1 против Сандерленд на Енфилд, Челси со 3-1 загуби кај Лидс.

Топчиите со гол на Мерино на почетокот од мечот и погодок на Сака пред самиот крај дојдоа до нов триумф и го продолжија одот кон титулата во Премиер лигата.

Интересно беше на Енфилд каде Ливерпул не успеа да го победи Сандерленд.

Гостите поведоа со гол на Талби во 67. минута, а во 81. минута Вирц се израдува на својот прв гол во Премиер лигата, но на крајот погодокот му го запишаа како автогол на Мукиеле. 

Мечот заврши 1-1, а Сандерленд може да жали што е така бидејќи Киеза во судиското продолжение од гол линијата спаси победа за гостите.

Челси по добриот период повторно ги разочарува своите фанови, овојпат загуби кај Лидс со 3-1.

Со голови на Бијол и Танака во првиот дел Лидс водеше со 2-0. По пет минути игра во вториот дел Нето го врати Челси во живот. Но сите дилеми околу победникот ги реши Калверт Луин со гол во 72. минута кога го постави конечниот резултат.

Супер интересно беше на мечот меѓу Брајтон и Астон Вила кој го добија гостите со 4-3, гостинска победа славеше и Кристал Палас кај Барнли, како Нотингем форест кај Вулвс.