Македонските надежи до 20 години со убедлив триумф се враќаат од Лихтенштајн! (ВИДЕО)

Новата македонска репрезентација, селекцијата до 20 години со три гола во второто полувреме славеше на гостувањето кај Лихтенштајн во пријателски натпревар.

Првиот меч на избраниците на селекторот Александар Таневски помина успешно, со победа од 3-0 над Лихтенштајн.

Во првиот дел мрежите мируваа, резултатот беше отворен по седум минути игра во вториот дел кога Величковски погоди за водство на Македонија од 1-0.

Пет минути подоцна Данев даде гол за 2-0, а фудбалерот на Вардар погоди уште еднаш во 78. минута за конечна победа од 3-0.