Интер ѝ даде пет гола на Венеција и избори место во четвртфиналето од купот! (ВИДЕО)
Момците на Киву имаа фуриозно прво полувреме во кое го решија прашањето за победникот.
Резултатот го отвори Диуф во 18. минута, а две минути подоцна Еспозито зголеми на 2-0. Во првиот дел реализираше и Турам за предност од 3-0.
Уште три гола беа постигнати во вториот дел, но еден од нив заврши во мрежата на Интер, тоа беше погодок на Саградо.
Останатите два гола за нероазурите ги постигнаа Турам и Бони.
Во четвртфиналето Интер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Рома и Торино.