Винисиус ги провоцираше фановите: На „Сан Мамеш“ подобро му е да не се враќа!

Реал Мадрид славеше со 3-0 против Атлетик Билбао, но во центар на внимание е бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор кој ги провоцираше противничките навивачи.

Винисиус е познат по неговото контроверзно однесување, па овој пат на „Сан Мамеш“ реши да ги провоцира фановите на Атлетик Билбао.

Потегот на Винисиус ептен ги налути домашните навивачи, кои преку социјалните мрежи му порачаа повеќе да не доаѓа на „Сан Мамеш“ зашто ќе му подготват пекол.

Видеото може да се погледне ТУКА.