Пјаниќ добива друштво: Босанска „гол-машина“ е замената за Суарез во нападот на Барса!

Босанскиот интернационалец Един Џеко, помалку изненадувачки, е пред трансфер во тимот на Барселона, која во него гледа најдобра можна замена за Луис Суарез, кој веќе ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид и е само прашање на час кога и официјално ќе си замине од „Камп Ноу“.

Напаѓачот на Рома долго време беше во комбинација за трансфер во Јувентус, но таа опција вчера дефинитивно пропадна со враќањето на Алваро Мората во таборот на бјанконерите. Џеко остана на клупата на првиот меч за римјаните кај Верона, со што само се подгреаја шпекулациите дека нема уште долго да остане во италијанската престолнина.

Ако се оствари овој трансфер, тој би бил втор Босанец кој летово ја засилил Барса, по сонародникот Миралем Пјаниќ.