Пирло жестоко го критикуваше Јувентус: Така не се игра во ЛШ!

Откако Јувентус беше поразен од Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (0-2), легендата на клубот од Торино, Андреа Пирло ги критикуваше фудбалерите.

Во изјава за „Скај спорт Италија“ по мечот во кој Атлетико славеше со 2-0, Пирло оцени дека Јувентус изгледал како да нема желба за игра.

„Јувентус одигра меч без амбиција да го победи Атлетико. Тие само чекаа и гледаа. Беше само прашање на време кога Атлетико ќе постигне гол. Така не смее да се игра во Лига на шампиони“, вели Пирло.