Пике: Имав телефонски разговор со Перез, но не можам да ви откријам за што зборувавме

Дефанзивецот на Барселона Џерард Пике откри дека имал телефонски разговор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Но, исто така потврди дека не се зборувало за фудбал, туку разговорот бил поради приватни работи кои не сака да ги открие.

Порано го имав бројот на Флорентино и не знам дали неговиот број е ист или го променил. Не зборувавме за фудбал, тоа беше нешто лично, признава Пике.

Со тоа дефанзивецот на „каталонците“ ја отфрли можноста дека Перез го повикал да дојде во Реал, но затоа е мистерија што бил разговорот со првиот човек на Реал.

Инаку, ако некој од Барселона не го сака Реал и ако некој со нетрпение чека да го понижи лутиот ривал од Мадрид, тогаш тоа е Пике.