Петковски дојде во Жил Висенте, ама ќе мора да оди на – заем?! (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и бивш фудбалер на Вардар и Работнички, Петар Петковски летово му се приклучи на португалски Жил Висенте, но шанса да заигра во овој тим нема да добие.

Петковски во новиот тим дојде минатиот месец како засилување за нападот. Играше на неколку мечеви во подготвителниот период, но според најугледниот португалски весник „А'Бола“, македонското крило не го убедил во своите квалитети тренерот Витор Оливеира.

„Петковски дојде како засилување за нападот на Жил Висенте, но не го убеди Оливеира. Македонецот, кој никогаш не беше ни официјално промовиран, во моментов е под евалуација во тимот, но според најавите по се изгледа ќе биде некаде позајмен“, објави португалскиот весник.

На две недели до крајот на преодниот рок, останува да се види каде би бил позајмен Петковски, во друг клуб од Португалија (можеби и во пониските лиги) или некој од македонските прволигаши би добиле шанса да го ангажираат за новата сезона. Инаку Жил Висенте во последниот меч го победи бившиот европски првак Порто со 2-1 и направи големо изненадување во најсилната португалска лига (очекувано Петковски не беше во комбинација за настап).