Перишиќ го најави трансферот на Модриќ во Интер? (ФОТО)

Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ попладнево на „Инстаграм“ објави фотографија заедно со Марцело Брозовиќ и новајлијата Шиме Врсаљко. 

Двајцата староседелци му посакаа добредојде на нивниот сонародник Враљко, но навивачите ги возбуди коментарот на фотографијата, „кој недостига?“.

Крилниот фудбалер алудираше на уште еден Хрват кој треба да пристигне во Интер, Лука Модриќ. 

 

.. 🤪🇭🇷⚫️🔵💪🏼 .. #BenvenutoŠime #WhoIsMissing ?

A post shared by Ivan Perišić (@ivanperisic444) on

Интересно е тоа што на оваа фотографија има „лајк“ и токму од Лука Модриќ.