Перез утрово разговарал со тренерот кој треба да го замени Лопетеги!?

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид се наоѓа во голема резутатска криза, па на последните четири натпревари во шпанската Ла Лига освоија само еден бод, а тренерот Хулен Лопетеги се наоѓа пред заминување од клубот.

Лопетеги летоска стигна во Реал Мадрид како замена за Зинедин Зидан, но не се покажа најдобро. По поразот во минатото коло од Леванте, Шпанецот се наоѓа пред отказ, а најверојатно претседателот Флорентино Перез најде негова замена.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез, наводно, разговарал утрово преку телефон со Жозе Мурињо и сакал да му понуди на Португалецот да се врати на „Сантјаго бернабеу“, но тој го одбил тоа.

Мурињо и вчера порача дека нема намера да се врати во Реал во моментов, односно ќе остане во Манчестер јунајтед до крајот на договорот.