Перез донел одлука - заврши ерата на Лопетеги?

Реал игра катастрофално, на последните седум натпревари претрпе дури пет порази и ја совлада само Викторија од Плзењ со 2-1, а вечерва доживеаја вистинска катастрофа од Барселона.

Лопетеги на средбата со медиумите по натпреварот изјави дека има сили да продолжи да го води клубот, но како што сега стојарт работите неговата изјава нема да влијае на претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Како што пренесува „Радиоестадио“, во наредните неколку часа Жулен Лопетеги ќе добие отказ.

Шпанецот го презеде Реал пред почетокот на Мундијалот во Русија, поради ангажманот на „Бернабеу“ го избркаа од репрезентацијата на Шпанија, а сега е јасно дека тој ризик воопшто не му се исплатеше.

За помалку од пет месеци, ќе заработи отказ во кралскиот клуб, а наводно веќе е познат и неговиот наследник.

Како што е најавено, тоа ќе биде поранешниот тренер на Јуве и Челси, Антонио Конте, кој е без ангажман откако летово замина од Лондон.

Според информациите на „Радиоестадио“, Италијанецот утре во 13 часот ќе биде промовиран како нов тренер на Реал Мадрид.