Пеп се пошегува со Хусанов: Ќе го заменев по пет минути ако знаев руски!

Манчестер сити со 3-1 славеше против Челси во дербито од Премиерлигата, а на мечот не се прослави новиот дефанзивец Абдукодир Хусанов.

Хусанов им подари гол на „сините“ на почетокот на натпреварот, а потоа доби и жолт картон, па новинарите ги интересираше дали Гвардиола размислувал да го замени. Пеп се пошегува дека ќе го направел тоа доколку знаел руски зашто фудбалерот не разбира англиски.

„Не му е лесно, тренираше само еднаш со нас и веднаш заигра против Џексон, Палмер, Мадуеке, Санчо... морам да научам руски за да комуницирам со него. Тој не зборува англиски“, кажа Гвардиола.