
Пеп им се придружи на легендите Венгер и Фергусон во историјата на Англија
За Гвардиола ова е втора „двојна круна“ во Англија, па со тоа им се придружи на легендите Арсен Венгер и на сер Алекс Фергусон, кои повеќе од две децении ги водеа Арсенал односно Манчестер јунајтед и се единствени кои имаат најмалку две двојни круни на Островот.
Гвардиола својата прва „двојна круна“ ја освои во сезоната 2018/19, а оваа сезонава 2022/23 му е втора. Под палката на Пеп, Сити има четири премиерлигашки титули во последните пет години.
Венгер освои две двојни круни со Арсенал во 1997/98 и 2001/02, додека Фергусон стигна до двојни круни во 1993/94, 1995/96 и 1998/99. Пеп сега има шанса да го достигне Фергусон ако ја освои и Лигата на шампионите и дојде до триплета, зашто во историјата на англискиот фудбал Манчестер јунајтед единствен со триплета во сезоната 1998/99.