Парма ќе игра против Пескара во специјални дресови посветени на Астори (ФОТО)

На сите натпревари кои ќе се играат викендов во италијанските лиги ќе има минута молчење поради смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина од срцев удар во Удине. Парма одлучи да се појави на теренот во сабота против Пескара во специјален дрес, кој ќе биде посветен на Италијанецот.