Парехо со мајсторија од слободен удар ѝ донесе реми на Валенсија (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид не успеа да слави на домашен терен против Валенсија (1-1), откако Дани Парехо му донесе бод на гостинскиот тим со мајсторија од слободен удар.

Диего Коста погоди за водство на домаќините во 36. минута од мечот од пенал, а Валенсија дури во второто полувреме успеа да стигне до бод преку голот на Парехо во 82. минута.