Паоло Малдини и неговиот син се позитивни на Ковид-19

Фудбалската легенда на Милан и моментално директор во клубот, Паоло Малдини е позитивен на коронавирусот. Заразен е и неговиот син, Даниел, кој игра за „росонерите“. 

Двајцата биле во контакт со заразено лице, па откако дознале веднаш направиле тест. Милан официјално потврди дека двајцата се позитивни и двајцата почнале да покажуваат симптоми на вирусот. 

Паоло и Даниел се во добро здравје и претходно 14 дена биле во домашна изолација, а таму ќе останат додека не бидат целосно излечени.