Меси заминува од Флорида за да води битка против Роналдо во С. Арабија!?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси не планира наскоро да ја заврши фудбалската кариера, иако делуваше дека Интер Мајами ќе биде негов последен клуб, меѓутоа медиумите пишуваат дека до него стигнала примамлива понуда.

Меси има договор со тимот од Флорида до 2025 година, а италијанските медиуми пишуваат дека екипа од Саудиска Арабија му нуди неверојатна понуда на Аргентинецот.

Според шпекулациите, Ал-Хилал е заинтересиран да го ангажира Меси, а наводно му нуди поголем договор од тој што го има Кристијано Роналдо во Ал-Наср.

Саудиска Арабија во изминатиот период стана примамлива дестинација за голем број ѕвезди поради огромната плата која им се нуди.

Фото: Facebook/Inter Miami CF