Пандев одигра 25 минути, Џенова извлече бод кај Болоња (ВИДЕО)

Џенова освои бод на тешкото гостување кај Болоња (2-2), а македонскиот интернационалец Горан Пандев доби шанса од клупата за резервни фудбалери во финишот од мечот.

Болоња поведе во 49. минута со 1-0, но нивната радост траеше само шест минути бидејќи Дестро погоди за израмнување на резултатот (1-1).

Пандев доби шанса на теренот од 68. минута, а потоа во завршницата Арнаутовиќ од пенал погоди за 2-1 за Болоња, меѓутоа повторно Џенова израмни со удар од белата точка на една минута пред истекот на регуларните 90.