Пандев беше „последниот мохиканец“: Сите од славната генерација на Интер се пензионери!

Македонската калчо-легенда Горан Пандев пред две недели и официјално замина во пензија после дводецениска величенствена кариера, во која славната 2010 година во Интер за него е незаборавна освојувајќи сѐ што можеше да се освои.

Пандев беше „последниот мохиканец“ од славната генерација на Жозе Мурињо која го стигна до „триплета“, со освојување на Серија А, Купот на Италија и круна на сѐ – Лигата на шампионите. Македонскиот ас остана последен да игра фудбал од генерацијата со Милито, Ето, Снајдер, Маикон, Самуел, Жулио Цесар, Хавиер Занети...

Со неговото пензионирање сега нема ниту еден фудбалер од таа генерација кој е активен фудбалер, после само 12 години од најголемата слава за миланскиот гигант, ама и за италијанскиот фудбал, зашто толку долго трае и постот на калчолигашите во европската елита, каде се неконкурентни за најпрестижниот трофеј.

Пандев во пензија замина како рекордер на Македонија (122 меча – 38 гола) и еден од малкумината странци со безмалку 500 меча и над 100 голаво Калчото.