Палмер ги возбуди навивачите: Челси има квалитет за титулата во Премиер лигата!
Најголемата ѕвезда на „сините“, Кол Палмер пред натпреварот со Брајтон даде изјава која ги возбуди навивачите на премиерлигашот.
„Уште е рано да зборуваме за тоа, одигравме само еден натпревар, но дефинитивно имаме квалитет за титула во Премиер лигата“, кажа Палмер.
Дополнителна „предност“ на гигантот од Лондон е тоа што не игра во европските натпреварувања оваа сезона, па ќе има повеќе време за одмор од ривалите.
Фото: Facebook/Chelsea Football Club