Откриено зошто Фекир не потпиша за Ливерпул: Престани да нè правиш будали!

Минатото лето Набил Фекир беше најавен како ново засилување на Ливерпул, па се фотографираше во нивниот дрес, а трансферот на крајот спектакуларно пропадна.

Од тогаш во медиумите се појавија многу приказни поради кои Фекир не се пресели на „Енфилд“, а фудбалерот кажа дека поради лагите тој не завршил во дресот на Ливерпул.

Сепак, неговиот поранешен агент, Барнс реагираше на обвинувањата од страна на Фекир.

„Време е да престане Фекир да нè лаже и да прави претстави. Сите знаат што се случи. Трансферот пропадна од две причини. Првата е неговото колено, а втората е зашто некое лице се претставувало како негов агент и сакало да преговара во негово име“, открива Барнс.