Откриено каква казна ќе добие Мбапе за дивјачкиот старт (ВИДЕО)

Реал Мадрид триумфира против Алавес со 1-0, но главна тема е црвениот картон на францускиот напаѓач Килијан Мбапе.

Мбапе имаше дивјачки старт кон ривал од Алавес, по што главниот судија со асистенција на ВАР-собата му покажа црвен картон.

Шпанските медиуми пишуваат дека веќе е познато каква казна ќе добие Мбапе, односно ќе биде суспендиран на еден натпревар, односно ќе може да настапи во Копа Дел Реј против Барселона.

Финалето во шпанскиот Куп е закажано за 26 април од 22 часот.