Откриено како Реал Мадрид за „малку пари“ ќе го земе Мбапе од ПСЖ

Не е тајна дека Реал Мадрид сака да го купи Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, па шпански и францски медиуми веќе подолго време најавуваат дека веќе летово „кралевите“ ќе го урнат светскиот рекорден трансфер и со 300 милиони евра ќе ја купат суперѕвездата на „светците“.

Но, според последните информации, Реал Мадрид скроил друг план како Мбапе да го донесе на „Сантјаго Бернабеу“ и тоа по дампинг цена за „малку пари“ во однос на најавените џиновски 300 милиони евра. Јасно е дека Мбапе сака да игра во Реал, дека негов идол е тренерот Зинедин Зидан, а и Флорентино Перез е опседнат во клубот да го донесе најдобриот светски младинец.

Сепак, до трансфер летово веројатно нема да има, зашто мадриѓаните имаат поинаков план. Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ, иако парижаните му нудат да биде трет најплатен фудбалер на светот, па поради актуелниот договор до јуни 2022 година, „кралевите“ ќе почекаат уште една сезона пред да тргнат во конечна акција за трансфер.

Наводно веќе постои усмен договор Мбапе да дојде во Реал, каде ќе има плата од 20 милиони евра, а Реал ќе почека до лето 2021 година за да го купи. Поради тоа што Мбапе тогаш ќе се најде на една година од истек на договорот, ПСЖ ќе биде приморан сериозно да ја намали цената на младиот фудбалер, за веќе следната да не го загуби за беспари. И на таа карта сега игра Реал, што значи дека ќе го остави францускиот суперталент да одигра уште една сезона на „Паркот на принцовите“. Со овој метод, Реал го донесе Еден Азар од Челси за 100 милиони евра, а се шпекулира дека за таа сума тогаш би дошол и Мбапе.

ПСЖ го купи Французинот од Монако во 2017 година за 185 милиони евра на одложено плаќање, па парите ги исплати во 2018 година, зашто претходно за светски рекорден трансфер од 222 милиони евра го донесе Нејмар од Барселона.