Откриена причината зашто Канте се плаши од смртта

Н‘Голо Канте важи за еден од најголемите „мотори“ во средниот ред, па затоа голем број гиганти се обидуваат по секоја цена да го донесат фудбалерот на Челси во своите редови.

Но, она што пливлече големо внимание во медиумите вчера, е тоа што Французинот одби да тренира, а воедно доби и дозвола за тоа од менаџерот на „сините“, Френк Лампард.

Всушност, не е ни чудо што Канте се плаши од некаква болест, па дури и од смртта, затоа што во минатото имал многу негативни семејни искуства.

Неговиот постар брат Нијама починал од срцев удар непосредно пред Светското првенство во 2018 во Русија, а овој играч исто така го загуби својот татко од истата болест кога имал само 11 години.

Во март 2018 година, и самиот Н‘Голо ги исплаши апсолутно сите во соблекувалната на клубот. Имено, по тренингот, се струполил пред своите соиграчи, а среќа по него - лекарите биле во близина.

Веднаш му бил направен кардио преглед, но не му биле откриени никакви проблеми со срцето. Затоа, не е ни чудо што Канте се плаши од болести и смрт.