Откриен составот на Реал со кој ќе настапи во „Ел Класико“!? (ФОТО)

Викендов се игра големото шпанско дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, во кои по повеќе од една деценија нема да настапуваат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Кралевите“ немаат право на грешка затоа што ја почнаа лошо сезоната, а тренерот Хулен Лопетеги се соочува со отказ, па доколку загуби од Барселона, тогаш тоа за него ќе биде крај во Мадрид.

Шпанските медиуми, наводно, го дознаеле составот со кој ќе настапи Реал на „Камп ноу“, па решија да го објават, а на него може да видиме дека Начо би играл наместо повредениот Дени Карвахал, а во одбраната би биле уште Рафаел Варан, Серхио Рамос и Марсело, додека на голманската позиција ќе застане Тибо Куртоа.

Во средината на теренот ќе играат Касемиро, Лука Модриќ и Тони Крос, Герет Бејл ќе биде десно, лево би требало да игра Марко Асенсио, додека во шпицот на нападот ќе биде Карим Бензема.

Инаку, натпреварот се игра во недела од 16.15 часот, а се очекуваат големи возбудувања.