Осум фудбалери на Вест Хем имаат симптоми на коронавирус!

Екипата на Вест Хем се соочува со сериозен проблем, откако осум фудбалери покажале благи симптоми на коронавирус.

Потпретседателката на клубот, Карен Брејди, ја потврди информацијата за британски „Сан“, а ова би можело да значи и ново одложување на рестартот во Премиер лигата.

Потврдувам дека фудбалерите имаат благи симптоми, но засега се е во најдобар ред, истакна Брејди.

Претходно, овој месец, менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, отиде во самоизолација како мерка на претпазливост, откако дојде во директен контакт со Микел Артета, кој излезе позитивен на тестирањето за коронавирусот.

Премиерлигата, Англиската фудбалска лига и Здружението на професионални фудбалери имаа состанок во петокот на кој се разговараше за економските импликации од суспензијата на сезоната.

Според моменталната состојба, предвидено е рестартот на Премиер да биде на 30 април, но главниот збор го има вирусот кој прави сериозни штети во светот.