Голем проблем Барса: Олмо се повреди - ќе паузира подолго време!

Поради повреда Дани Олмо нема да биде во комбинација за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Монако, но најверојатно и на следните неколку неколку средби од ова натпреварување.

Олмо повторно беше стрелец за Барса, погоди и против Жирона и веќе дојде до три голови за каталонскиот клуб. Но овој меч не беше најидеален за него бидејќи заработи повреда. Се работи за повреда на десното колено со кое и претходно имаше проблем. Начелно се мислеше дека не е нешто страшно, но последните прегледи се дека проблемот е далеку поголем.

„Тестовите направени утрово покажаа дека Олмо има повреда на десната тетива. Се очекува да биде надвор од теренот 4 до 5 недели“, стои во соопштението на Барселона.

Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти мечот против Монако од Лигата на шампионите, а нема да биде во комбинација и за дуелот против Виљареал од Ла Лига следниот викенд, по што ќе се знаат повеќе детали за неговото отсуство.