Окафор во 88. минута донесе победа за Милан, Лацио доби три црвени картони! (ВИДЕО)

Милан со 1-0 го доби дербито против Лацио победувајќи го на негов терен, росонерите во самиот финиш го постигнаа погодокот, а Окафор беше херојот, домаќините мечот го завршија со осум фудбалери.

Лацио и Милан одиграа борбен натпревар со многу тензија, три црвени картони и еден гол.

Во 57. минута Лацио остана со играч помалку откако Пелегрини доби втор жолт картон.

Откако доби предност од фудбалер повеќе на теренот, Милан додаде на офанзива, Леао погоди во 76. минута, но голот му беше поништен поради офсајд.

Сепак во 88. минута Окафор реализираше за победа на Милан од 1-0.

Во судиското продолжение уште двајца играчи на Лацио беа исклучени, Марушиќ и Гендузи добија црвени картони.

Со оваа победа Милан дојде на само бод до вториот Јувентус, но тие допрва треба да го играат мечот од ова коло.