
Официјално: Сари се врати на клупата на Лацио
По 15 месеци, на клупата на римскиот тим се враќа искусниот стручњак Маурицио Сари кој веќе го водеше Лацио од јуни 2021 до март 2024 година. Лацио попладнево ја потврди разделбата со досегашниот тренер Барони и ангажманот на Сари.
„Маурицио Сари се врати дома, неговото враќање е избор на срцето и визијата. Добредојде дома, команданте“, изјави претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Од претходното заминување од Лацио, Сари немаше друг ангажман и на Олимпико се враќа како слободен агент.