Официјално: Манчестер сити потпиша со 19-годишен Аргентинец
Ечевери потпиша договор на четири ипол години, како што беше најавено претходно, а својата авантура на „Итихад“ ќе ја почне од следното лето.
„Премногу сум возбуден и конечно можам да се наречам фудбалер на Манчестер сити. Фудбалот е мојот живот, мојот сон беше да играм за еден од најдобрите тимови во Европа. Манчестер сити е еден од најдобрите во светот“, вели Ечевери.