Официјално: Манчестер јунајтед има нов капитен
Искусниот фудбалер за 1,5 милиони фунти се сели во Милано, па затоа капитенската лента сега оди на раката на Мегвајер. Стопер ја игра првата сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, но Солшер верува дека тој е вистинскиот човек и дека ги има потребните лидерски способности да биде капитен.
Мегвајер прв пат ја носеше капитенската лента на дуелот со Партизан во Белград во рамки на Лигата на Европа, кога не играа поголем дел од староседелците во клубот. Во недела на големото дерби против Ливерпул во рамки на на Премиерлигата и официјално ќе биде нов постојан капитен на Манчестер јунајтед.