Официјално: Косовецот Муричи ќе ја напаѓа Македонија како член на Лацио!

Еден од најдобрите косовски фудбалери, нашаѓачот Ведат Муричи и официјално е нов член на римски Лацио за трансфер вреден 18 милиони евра плус бонуси.

Муричи ги засилува римските“ орли од турски Фенербахче откако во изминатата сезона даде 15 гола на 32 меча и едноставно Косовецот не можеше да ја одбие понудата за да дојде во Серија А, една од петте најсилни лиги во Европа.

Косовецот сега како член на Лацио идниот месец ќе ја напаѓа Македонија во плејофот за пласман на Евро 2020 и полуфиналниот бараж во Скопје.